МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ
МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ

Фридман: Македонскиот не е ниту српски ниту бугарски јазик
09 Aug 2009 - 16:27:33



Американскиот лингвист Виктор Фридман,
член на МАНУ, е редовен професорот на универзитетот Чикаго, признат проучувач
на словенските јазици, балканист и македонист.



Неговата биобиблиографија ја испишуваат 380
научни труда, од кои половината се за македонскиот јазик.



„Мојот интерес за словенски јазици воопшто,
доаѓа од дома. На татко ми прв јазик беше руски, тој беше роден во Винипег во
Канада, а нејзините во Русија. Татко ми тогаш работеше во Железара, имаше
пријатели од Србија, од Македонија, и така јас израснав со нивните култури,
традиции, музика, јадење, пиење, се. И јазици секако“, раскажува Виктор
Фридман.



„Во 1971 година, еден ден во лифтот за
катедрата за словенски јазици професорот кога ме праша - господине Фридман, да
не сакате да одите во Македонија летово, реков - секако. Така Станкиевиќ најде
за мене 200 долари, како студент, тоа беше доволно за повратна карта за во
Рим“, рече Фридман.



„Родителите ми дадоа 200 долари, тоа беше за
Рим до Белград повратна и јас од мојот џеб, од Белград до Охрид за семинар за
македонски јазик“, додава Фридман.



Професорот Фридман стана огнен борец за
македонскиот јазик, научно бранејќи ја неговата посебност.



„Јас бев сосема свесен дека македонски не е
ниту српски ниту бугарски, а камо ли грчки, и кога имаше толку напади врз
македонскиот јазик, од чисто научни причини требаше да го бранам јазикот како
научно поле, а политичарите нека прават што сакаат. научната вистина јас ја знам
и ќе ја кажам“, изјави професорот.



„Грците толку се организирани, со 250 потписи
собрани против мене лично, испраќаат меилови и сл. Јас би рекол дека треба, на
пример, македонската Влада да троши пари, да земат реклами во највидните
публикации, особено на англиски јазик, затоа што треба да признаеме дека
англиски сепак е најглобалниот јазик, во „Њујорк тајмс“ цела страница за
македонскиот јазик“, истакна Фридман.



„Јас дури би учествувал и доброволно во
правење на таков текст. Наместо 10 милиони евра за некоја огромна статуа на
плоштадот, наместо да ги тепаат студентите, да ги трошат парите за доброто на
Македонија“, вели Виктор Фридман.



„Од некоја причина никогаш не се плашев, се
инаетев. Бев во Бугарија еднаш, тоа беше 1300 години Бугарската држава, значи кога
влегле Прото-Бугарите во Бугарија, јас бев поканет, дури добив и орден за мојот
придонес кон бугарскиот јазик, затоа што јас сум јазичар, јас работам со сите
балкански јазици“, рече Фридман.



„Еден професор ме повика во неговата
канцеларија и ме предупреди да не продолжувам да ги споредувам македонскиот и
бугарскиот јазик, инаку ќе станам персона-нон-грата во Бугарија. Во мојата
родна земја, во Америка, во еден грчки ресторан во Портланд, Орегон, заради
едно недоразбирање, згрешив и прозборев на македонски и ми рекоа - бегајте од
тука, одете напијте се на друго место“, изјави Фридман.



„Значи, јас бев избркан затоа што зборував
еден јазик, којшто не ми е мајчин јазик. Јас сум Евреин, јас сум навикнат на
антисемитизам, што исто така сум видел во Грција, арно ама тоа ми беше првпат
да се чувствувам толку чудно, само заради еден јазик, којшто не е ниту мојот
јазик, луѓе така да не ме сакаат“, потенцира професорот.



Во 1992 година, професорот Фридман му напиша
писмо на тогашниот американски претседател Џорџ Буш, во кое, меѓудругото, се
вели: Македонија ги исполнува сите барања на Стејт департментот за признавање.
Грчките спротивставувања на признавањето се само параван зад кој се крие
вистинската намера на Грција - да го елиминира македонскиот национален идентитет.



Неодамнешната промоција на „Абецедарот“ во
Атина му даде право на лингвистот.



„Во научни средби ќе има некои политички
активисти коишто ќе велат - овие научници само учат, учат и црпат од народот
материјал и ништо не враќаат, а јас велам - со самото учење правиме добро за
луѓето, учење на јазикот. И така се чувствувам кога се работи за македонскиот
јазик“, нагласи Фридман.



„Моето истражување е моето истражување - дека
тоа е одбрана на македонскиот јазик, мило ми е, дека треба понекогаш и погласно
да го одбранам јазикот, заради Грците главно, понекогаш заради Бугарите, тоа е
тоа, што ќе правиш“, резимира Фридман.



Јазикот е богатство на секоја нација, а за
македонскиот најмногу важи оти јазикот е столбот на идентитетот, вели
професорот Фридман.



 

makedonec · 215 views · 0 comments

Permanent link to full entry

http://makedonija.galleryblog.net/IE-b1/Ooeaiai-Iaeaaiineeio-ia-a-ieoo-noinee-ieoo-aoaaonee-acee-b1-p45579.htm

Comments

No comments are allowed in this blog


Leave a comment

No comments are allowed in this blog

Добредојдовте !!!

-Овој блог е направен со љубов кон Македонија!!! -Овде може да прочитате се за Македонија(македонската историја,македонскиот народ,македонската религија). -Целта на овој блог е што подобро да го запознаеме останатиот дел од светот со нашата единствена,сакана и најмила Р.Македонија. -На овој блог можат сите заинтересирани да пишуваат или да прашуваат во врска со Македонија.Може да оставате и линкови во кои е презентирана или опишана нашата Република Македонија. -Ве молиме сите ваши текстови,коментари,прашања да бидат напишани на мкфонд. -Со почит от Администраторот.

Last Comment

No Comments.

Calendar

September 2010
MonTueWedThuFriSatSun
 << < > >>
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930   

Tags

No tags in this Blog

Announce

Who's Online?

Member: 0
Visitor: 1

rss Syndication

Choose a skin